Алегри за суспензијата на Роналдо: Тамам да се одмори…

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, го најави натпреварот против Јанг Бојс, кој ќе се игра во Торино со почеток во 18:55 часот.
Алегри истакна дека швајцарскиот шампион заслужува почит и дека не е случајно во Лигата на шампионите, но и дека е свесен дека Јувентус во натпреварот треба да го оправда статусот на фаворити и да дојде до нова победа.
Се разбира, Алегри се осврна и на Кристијано Роналдо, кој ќе го пропушти натпреварот поради црвен картон.
“На Роналдо секако му треба кратка пауза, па тамам утре да одмори”, беше краток Алегри, кој потоа откри неколку од неговите планови за овој натпревар:
“Кедира сигурно нема да игра од самиот почеток, но ќе биде дел од тимот. Планот е да биде подготвен за Удинезе, па утре може да игра половина час. Киелини, исто така, нема да игра, како и Кансело, а ќе заигра Барзаљи”.
“Имам неколку дилеми за средината, но во секој случај ќе се игра со пет играчи од средниот ред. Двајца понапред и тројца офанзивни. Можеби ќе го одморам и да Бернандески”, додаде Алегри.
Јувентус забележа феноменален старт на сезоната со седум победи од исто толку средби убедливо го зазема првото место во Серија А. Покрај тоа, старата дама во Лигата на шампионите го доби првиот натпревар против Валенсија (2:0).



