Алегри заминува во ПСЖ, Јувентус го добива Конте

Според медиумите од апенините Масимилијано Алегри ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната и ќе замине во ПСЖ, клупата во Јувентус ќе ја наследи Антонио Конте кој и претходно има работено во Јувентус.
Се шпекулира дека Алегри, по преговорите со раководството на Јувентус одлучил да замине од клубот. Средбата кој
беше клучна за заминувањето на Алегри од „старата дама“ се одржала за време на вториот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите меѓу Ајакс и Тотенхем.
Исто така се пишва дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, не е сигурен околу одлуката за враќање на Конте на тренерската позиција, но потпретседателот Павел Недвед и спортскиот директор Фабио Паратичи веруваат дека ова е најдобра опција.
Алегри со Јувентус пет пати по ред стана шампион во Италија, четирипати го освои Купот на Италија и двапати играше финале во Лигата на шампионите.
Дали Алегри кој е можеби еден од најдобрите тренери во историјата на Јувентус, ќе замине или не останува да видиме по крајот на сезоната.



