Алексис Санчез сонува да се врати во Италија, кои се неговите опции?

Алексис Санчез ова лето повторно е слободен и е во потрага по нов клуб.
Тој минатото лето пристигна во Олимпик Марсеј како слободен играч, но францускиот клуб не му понуди продолжување на договорот по една година соработка.
Чилеанецот се понуди преку своите менаџери на Интер, кој се уште е во потрага по напаѓач. Ромелу Лукаку се врати во Челзи, ги разочара сите во Интер поради преговорите со Јувентус, додека Един Џеко замина во Фенербахче.
Пристигна Маркус Тирам, но тоа не е доволно, Интер бара уште еден напаѓач во ротацијата, а Санчез се надева дека би можел да добие понуда. Тој наводно бара „само“ три милиони евра по сезона, што е многу помалку отколку што заработил на „Џузепе Меаца“ од 2019 до 2022 година.
Освен Интер, секако се споменува и Саудиска Арабија, додека во медиумите се појави и лудоста дека Барселона може да го врати, по цели 10 години, што навистина звучи бесмислено.
Каде ќе ја продолжи кариерата „златното момче“ од Чиле?



