SportM
Фудбал

Алкантара останува во Баерн

Д М5 мај 2020
Алкантара останува во Баерн

Според „Билд“ гигантот во Бундес лигата е подготвен да ја прошири соработката со sвездата Тијаго Алкантара.

Двете страни постигнаа договор и се очекува оваа недела вестите треба да бидат официјално објавени. Шпанецот има договор само за уште една сезона, но истиот ќе биде продолжен.

Тијаго е веќе седум години на „Алијанц Арената“, откако беше привлечен од Барселона.

Неодамна, Баерн ги продолжи договорите со Томас Милер и Алфонсо Дејвис. Баварците се надеваат дека ќе го сторат истото со капитените Мануел Ноер и Давид Алаба, чии договори се до летото 2021 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.