Алкантара се враќа во Барса ?
Д М20 апр 2020

Постои можност играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара да се врати во Барселона. „Мундо Депортиво“ тврди дека извршниот директор на каталонскиот гигант, Хавиер Бордас внимателно внимава на состојбата на 29-годишниот фудбалер, кој е дете на Барса но не успеа да се наметне во составот и во 2013 година замина за Минхен.
Тиаго е шесткратен германски шампион и трипати го има освоено германскиот куп и Суперкупот. Во неговата витрина има и Европски супер куп и Светското клупско првенство.
Оваа сезона шпанскиот репрезентативец има 22 натпревари и 3 гола во Бундеслигата. Неговиот договор со Баерн е до летото 2021 година и се очекува да биде продолжен.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



