Connect with us

Други спортови

Алкараз тежи 38 милиони долари, но и натаму живее со родителите!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има само 21 година и веќе испиша историја во својот омилен спорт. Веќе има освоено четири Гренд Слема, пет Мастерси, беше број еден во светот, играше во финалето на Олимписките игри, а во исто време привлече големо внимание кај спонзорите, толку што веќе е снимен документарен филм за него на Нетфликс. Официјалните податоци велат дека тој заработил над 38 милиони долари играјќи тенис, а е само на почетокот на кариерата, но она што многумина ги изненади е кога се откри каде и со кого живее.


Речиси сите играчи од неговата генерација одамна се „независни“, но Карлос Алкараз се уште живее со своите родители. Неговиот дом е во селото Палмар во Мурсија, каде што сè уште живее со неговиот татко Карлос Алкакара, неговата мајка Вирџинија и неговите браќа – постарите Алваро и помладите Серхио и Хаиме. Со тоа што нема информации дали во меѓувреме се отселил постариот брат Алваро…

“Немам многу слободно време. Навистина сум среќен кога ќе можам да си одам дома кај моите родители по долга турнеја или серија турнири”, рекол Алкараз и објаснил дека тоа е причината поради која се уште не се отселил.