SportM
Фудбал

Амбициозниот Њукасл Јунајтед засилување пронајде во Шпанија

Д М27 апр 2020
Амбициозниот Њукасл Јунајтед засилување пронајде во Шпанија

Њукасл Јунајтед ја промени сопственичката структура за да стане најбогатиот клуб во англиската Премиер лигата.

Еден од плановите на амбициозните „Крикетс“ ќе биде и обидот да го доведат Набил Фекир, брилијантен француски офанзивен играч за врска во неговата прва сезона во Шпанија.

Со доаѓањето во Бетис се покажа дека е вистинскиот потег за Фекир. Тој играше на неколку врвни натпревари, особено против Барселона и Реал Мадрид, со што го привлече вниманието на најбогатите клубови на Стариот континент.

Откупната клаузула на овој 26-годишник е 100 милиони евра, а Бетис сигурно нема само да се согласи да го продаде, односно ќе се обиде да заработи што е можно повеќе пари, особено по новата состојба и забележаните финансиски загуби.

Инаку, Фекир не е единствениот во листата на желби на Њукасл. Тие ги посакуваат и Единсон Кавани од ПСЖ и Дрес Мертенс и Калиду Кулибали од Наполи.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.