Американецот ги отфрла гласините за заминување и ветува лојалност: Сакам да останам долго во Јувентус
SPORTM.mk19 ное 2026

Пред неколку дена, изјавите на Вестон МекКени за евентуално заминување во Манчестер Јунајтед, дадени додека беше со репрезентацијата на САД, предизвикаа големо внимание. Сега, 48 часа подоцна, Мекени даде дополнителни објаснувања за американските медиуми.
“Сакам да биде јасно дека немам намера да го напуштам Јувентус. Среќен сум во тој тим и сакам да останам. Тоа е причината зошто го обновив договорот (до 2030 година) и едвај чекам да поминам уште многу години овде,” изјави Мекени.
Понатаму, 28-годишниот играч за врска продолжи: “Јас сум играч на Јувентус и имаше недоразбирање во врска со тоа што кажав. Меѓу преводите и сè останато, ситуацијата излезе спротивно на мене. Не знам точно зошто, можеби нешто се изгуби во преводот.”
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



