Шаќири: Во Интер најдов голема збрка, но тие 6 месеци беа прекрасни

„Тој натпревар е секогаш во мојата меморија.“ Џердан Шакири не го заборавил извонредниот хет-трик постигнат против Лугано, што беше клучно за освојување на титулата со Базел. Ова е само едно од многуте сеќавања што ги споделува играчот во новата епизода на „Лармандиљо“.
Од европските вечери со Базел до искуствата со Баерн Минхен, Интер и Ливерпул. Зборувајќи за авантурата во црно-синиот клуб, започната со ентузијазмот на илјадници навивачи, Шаќири се сеќава на финансиските потешкотии на клубот: „Во Интер имаше голема збрка“.
Суштински дел од интервјуто е посветен и на швајцарската репрезентација; од спектакуларниот гол со „ножички“ против Полска во 2016 година, па до разочарувањата од Светското првенство 2014. Потоа, чин за орелот против Србија, тензиите со Петковиќ и една интересна заднина: една вечер со Валон Бехрами за време на квалификациите за Светското првенство, која според Черони, замалку ќе завршела на страниците на весникот „Блик“.
Помеѓу анегдоти, смеа и некои разочарувања, Шаќири зборува и за иднината. Дали ќе стане тренер? „Не знам. Сакам да останам во фудбалот“. Но засега неговата желба е да продолжи да игра.

Како Шаќири ја памети авантурата во Интер и искуството во италијанскиот фудбал? Интер те пречека со извонреден ентузијазам. Стотици навивачи беа на аеродромот да те поздрават…
Тие ме ценија како фудбалер. Имав направено добри работи со Баерн Минхен и репрезентацијата. Мислам дека тоа беше и поради мојата аура.
Но, што се случи подоцна во тие 6 месеци во Милано? На почетокот играше, потоа повеќе не играше…
Не беше лесно. Во Интер имаше голема збрка (го повторува и на италијански, забел. ред.), со проблеми поврзани со „финансискиот фер-плеј“ и многу економски проблеми.
Во тоа време сопственик беше сеуште Ерик Тохир…
Да, но имаше и многу стари играчи. Дури и тренинг центарот беше стар. Работите се променија кога дојде Антонио Конте, но тоа не беше најдобриот период на Интер. Сепак, многу ми се допадна животот во Италија. Тие месеци беа прекрасни. Ја засакав Италија.

Одеше и да следиш кошарка…
Да, еднаш отидов да ја гледам Олимпија Милано. Ми се допаѓа кошарката, како и секој спорт што се игра со топка. Ме привлекува и поради техничкиот аспект.
Со Интер постигна гол од пенал против Аталанта во Бергамо и уште еден против Селтик во „Лига Европа“…
Натпреварот во Глазгов беше неверојатен. Никогаш нема да го заборавам. По секој наш гол, тие одговараа со гол. Атмосферата на ‘Селтик Парк’ е и денес најдобрата што сум ја доживеал. Беше нешто извонредно. Беше фантастичен натпревар. Постигнав по асистенција на Здравко Кузмановиќ. Постигнав гол во Серија А, ‘Лига Европа’ и Купот на Италија. Не беше лошо…
Потоа замина во Стоук Сити…
Беше различен вид на фудбал, пофизичен. Но беше убаво искуство. Мораше да научам многу, особено за дефанзивната фаза. Сепак, ја имав довербата на целиот клуб и на тренерот Марк Хјуз. Швајцарските медиуми често ме прашуваа зошто отидов во Стоук. Денес играчите одат да играат во Саудиска Арабија… Сѐ уште имам многу добри односи со Стоук и би сакал повторно да отидам да ги следам на натпревар. Жално е што се во ‘Чемпионшип’. Треба да бидат во Премиер лигата, затоа што се еден од најстарите клубови во светот. Се надевам дека ќе се вратат таму.

Кој период беше потежок; тој во Милано или во Лион?
Тешко е да се каже. Можеби во Лион, каде што веќе имав повеќе искуство. Не беше лесно, затоа што играчите малку зборуваа англиски. Јас малку зборувам француски, но комуникацијата беше тешка. Немаше голем тимски дух. Сакав да заминам и така завршив во Чикаго Фајр.
Дали се сеќавате на потегот со орелот, што го сторивте заедно со Гранит Џака и Стефан Лихтштајнер за време на натпреварот помеѓу Швајцарија и Србија на Светското првенство 2018?Се сеќавам на атмосферата пред и за време на тој натпревар, имаше многу провокации, потегот беше емотивна реакција. За мене беше важна победата од спортски, а не од политички аспект, но настанот потоа доби големи политички и медиумски размери. Верувам дека медиумите многу пишуваа за тоа што се случи.
Значи, мислите дека медиумите претеруваа со начинот на кој ја обработија оваа тема?
Многу Швајцарци не разбираа и не ја знаеја историјата зад тој потег, причината зошто јас, Гранит и Стефан го направивме тоа. Верувам дека имаше многу емоции вклучени. Мислам дека денес овој потег не би се сметал за толку сериозен.



