Американскиот милијардер Дан Фридкин ќе стане новиот сопственик на Рома.
Италијанските медиуми објавија дека сегашниот сопственик Џејмс Палота ги потпишал повеќето документи за продажба на клубот и дека клубот наскоро ќе биде официјално во рацете на групацијата Фридкин.
Целосното преземање на римскиот клуб ќе биде реализирано до крајот на август. Остануваат да се потпишат некои мали нешта, а целокупната работа е вредна околу 600 милиони евра.
Дан Фридкин (55) на тој начин ќе отвори ново поглавје во историјата на Ромите и ќе видиме кои се плановите и амбициите на овој американски бизнисмен.
Навивачите се секако заинтересирани да инвестираат и да се борат за трофеи, но сè ќе биде во рацете на Фридкин, чиешто богатство се проценува на четири милијарди долари.