SportM
Фудбал

Анчелоти: Бензема е мотивиран и полн со ентузијазам

Д М30 дек 2022
Анчелоти: Бензема е мотивиран и полн со ентузијазам

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека фудбалерот Карим Бензема е полн со мотивација и ентузијазам и дека неговата физичка кондиција е подобрена во пресрет на продолжението на сезоната.

Бензема поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар, а пред почетокот на турнирот во француската репрезентација беше одлучено напаѓачот да не биде доволно фит поради повреда на бутот. Фудбалската асоцијација тогаш процени дека на Бензема ќе му требаат околу три недели за да се опорави.

По турнирот, на кој „триколорите“ не успеаја да ја одбранат титулата, тој на 19 декември објави дека се повлекува од репрезентацијата.

„Нема да ја коментирам одлуката што ја донесе Франција. За нив тој немаше шанса да игра на СП. Што се однесува до нас, по неговото враќање видовме играч полн со мотивација и ентузијазам. Ќе ни помогне многу во вториот дел од сезоната“, изјави Анчелоти на прес-конференцијата.

Бензема ја напушти француската репрезентација на 19 ноември, ден пред почетокот на Светското првенство, поради проблем со левата надколеница.

„Карим се врати на 10 декември, по одморот што му го дадовме на секој играч кој учествуваше на Светското првенство. На првиот пријателски натпревар одигра 30 минути, потоа 45 минути и неговата физичка кондиција се подобри. Тој е многу возбуден поради неговото враќање, бидејќи не играше многу во првиот дел од сезоната и сигурен сум дека ќе го покаже целиот квалитет“, изјави Анчелоти.

Во петок навечер Реал гостува кај Ваљадолид. Реал по 14 кола во Примера е втор на табелата со 35 бода, два помалку од лидерот Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.