Анчелоти: Ќе импровизираме во нападот

Реал Мадрид досега донесе две засилувања во овој преоден рок, Аурелиен Чуамени за 80.000.000 евра и Антонио Ридигер кој дојде како слободен играч, но шефот на стручниот штаб Карло Анчелоти не сака да се жали.
Италијанскиот стручњак има на располагање само еден напаѓач – Карим Бензема, но тој не се жали.
„Имаме многу опции на таа позиција. Бензема е број еден, но мораме да разбереме дека ова ќе биде чудна сезона, поинаква, сезона со Светско првенство на средина. И ние мора да имаме различни опции. Мојата идеја е да се обидам со Еден на таа позиција. Со оглед на неговите квалитети, можеби ќе ни биде корисно да го пробаме таму. Ист е случајот и со Марко Асенсио“, изјави Анчелоти.
Најодликуваниот европски фудбалски тренер изјави дека нема да носи повеќе играчи во овој преоден рок.
„Не е мое место да зборувам за тоа, но веќе можам да кажам – готово е. Нема да донесеме никој повеќе од играчи. Вака ни е добро“, јасно кажа Анчелоти.



