Анчелоти: Мечот против Селтик беше идеален за Азар

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека се надева дека најдобриот играч на неговиот тим Карим Бензема не се здобил со сериозна повреда.
Реал го победи Селтик со 3:0 во Глазгов во првото коло од групата Ф во Лигата на шампионите, а Бензема поради повреда мораше да ја напушти играта во 30. минута.
„Не изгледа дека Бензема е сериозно повреден. По враќањето во Мадрид ќе ги направи тестовите, а потоа се ќе биде појасно“, изјави Анчелоти.
На местото на Бензема дојде белгискиот напаѓач Еден Азар, кој потоа постигна гол.
„Азар одигра совршен натпревар. Ова беше вистински натпревар за играч како Еден. Го внесов во игра, бидејќи стоперите на Селтик не притискаа. Можевме подобро во првото полувреме, но второто полувреме беше совршено. Како одминуваше играта, ја користевме енергијата на помладите играчи и беше забележливо дека навивачите ја ценат нашата игра“, изјави Анчелоти.
Во второто коло од Лигата на шампионите, Реал Мадрид ќе му гостува на Лајпциг, кој во првото коло загуби (4:1) од Шахтјор Доњецк.



