Connect with us

Фудбал

Анчелоти наброи шест подобри играчи од Меси

Доделувањето на Златната топка на Лео Меси сосема неочекувано предизвика голем број реакции во светот на фудбалот.

Мислењата се поделени што на некој начин е и очекувано. Сепак, Меси на крајот по седми пат ја однесе дома престижната награда, додека Роберт Левандовски остана со празни раце.

Ден по доделувањето, Карло Анчелоти, тренерот на Реал Мадрид и еден од најдобрите стручњаци на денешницата, го коментираше и доделувањето на Златната топка на Лео Меси.

Италијанецот наброи шест играчи за да ја добијат оваа престижна награда пред Аргентинецот. Очигледно, тој беше премногу субјективен.

„Во конфликт сум затоа што сум во Реал, не можам да гласам за некој од друг тим. Прв би го избрал Бензема, втор Виникус, трет Куртоа, четврти Каземири, петти Крос, шести Камавинга. 

„А Меси… Ако им е најдоброто, тоа е лично мислење. Карим (Бензема) е мојот најдобар“, рече Анчелоти.

Тони Крос малку порано во текот на денот изјави дека Бензема е најдобар во светот.

“Прво морам да кажам дека навистина не ме интересираат индивидуални награди, но бидејќи ги има, тогаш е во ред. Според мене, Меси дефинитивно не требаше да победи овој пат. За мене Бензема е најдобар ако оцениме игрите оваа година“, истакна Крос па додаде:

„Нема сомнеж дека Меси е најдобриот играч на деценијата покрај Роналдо, но според мене Кристијано го победи Лео во тој временски период“.

Инаку, Бензема заврши на четвртото место зад Жоргињо, Левандовски и Меси.

 

Реклама

Facebook

Реклама