SportM
Фудбал

Анчелоти никогаш во својата тренерска кариера не понижил никого како Лука Јовиќ вечерва

Д М14 мар 2022
Анчелоти никогаш во својата тренерска кариера не понижил никого како Лука Јовиќ вечерва

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ вечерва како да не постои, така се однесуваше кон него тренерот на Реал Мадрид, познатиот Италијанец Карло Анчелоти.

Дека работите можат да бидат и полоши отколку што се и дека понижувањето може да биде уште поголемо се докажа вечерва на гостувањето на Реал кај Мајорка, во случајот со поранешната бундеслигашка ѕвезда и перспективен напаѓач од кого Реал очекуваше премногу, а доби премалку. На крајот на краиштата, самиот играч доби премалку…

Анчелоти го повика Јовиќ на ова гостување во Мајорка, во ростерот имаше вкупно 25 играчи, но мораше да испрати двајца на трибините. Тоа беше третиот голман Антони Фуидијас, а – Јовиќ. Заедно со 11 првотимци, 12 се на клупата, а Јовиќ е и „небитен“ на трибините. Понижувачки, нели?

Тоа значи дека 24-годишниот напаѓач нема да добие минута шести натпревар по ред. Во ноември минатата година Анчелоти истури супералти на сметката на Јовиќ, велејќи дека му се допаѓа тој тип на напаѓач, но сега не го ни држи на клупата.

Напаѓачот има договор до летото 2025 година, но дури и слепиот сега гледа дека Јовиќ заминува на лето. Од Ајнтрахт Франкфурт пристигна во 2019 година како големо засилување за 63 милиони евра, а на 49 настапи за Реал постигна само три гола, а најмногу ја грееше или клупата или столчето на трибините.

Јовиќ претходно беше позајмен во поранешниот клуб Ајнтрахт и постигна четири гола на 18 натпревари, а потоа се врати во Реал и повторно остана во сенка на другите напаѓачки опции на кралскиот тим.

Најдобрата партија на Јовиќ во досегашниот тек од сезоната ја имаше против Реал Сосиедад на почетокот на декември, кога по 17 минути го замени повредениот Бензема и постигна гол и асистираше за победа од 2-0.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.