SportM
Фудбал

Анчелоти од автомобилот ја потврди големата вест за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Д М11 фев 2022
Анчелоти од автомобилот ја потврди големата вест за Реал Мадрид (ВИДЕО)

Карло Анчелоти денеска потврди дека францускиот фудбалер Карим Бензема ќе биде во тимот за натпреварот од Лигата на шампионите против ПСЖ.

Одличниот напаѓач, кој е предводник на мадридскиот тим, во изминатиот период имаше проблеми со повреди, а пропушти и неколку натпревари.

Сепак, 34-годишниот фудбалер ќе биде подготвен за натпреварот со ПСЖ кој ќе се одигра во вторник во Париз.

На интересен начин го потврди тренерот на кралевите, Карло Анчелоти. Тој го спушти прозорецот од автомобилот и накратко на прашањето на новинарите дали Бензема ќе биде подготвен, рече:

„Да“.

Ова секако е одлична вест за кралскиот клуб на чија игра многу и завидува Карим Бензема.

Французинот сезонава одигра 28 натпревари за Реал во сите натпреварувања и има одличен учинок од 24 гола и девет асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.