SportM
Фудбал

Анчелоти по победата во Ел класико: Модриќ беше импресивен

Д М17 окт 2022
Анчелоти по победата во Ел класико: Модриќ беше импресивен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги искажа своите впечатоци по натпреварот со Барселона од 9. коло на шампионатот на Шпанија.

„Кралевите“ победија со 3:1 и се издвоија сами на врвот на табелата во Ла лига.

-Требаше да дадеме сè од себе и го сторивме тоа. Почетокот беше добар, доста брзо поведовме и добро ја контролиравме ситуацијата во вториот дел. Се сетив на минатата сезона кога измислив нешто… На овој натпревар се обидов да не измислувам ништо и да ги ставив играчите на нивните природни позиции. Ќе ја истакнам играта на Модриќ, која беше импресивна, го цитира Анчелоти „Марка“.

Реал Мадрид со 25 поени од девет натпревари стана лидер во шпанското првенство. Барселона е на второто место со 22 бода.

Во следното, 10. коло, Реал Мадрид гостува кај Елче (19 октомври), а Барселона му гостува на Виљареал (20 октомври).

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.