Анчелоти потврди: Хамес ќе го промаши следниот натпревар
Д М22 окт 2020

Тренерот на Евертон, Карло Анчелоти е во неволја пред натпреварот со Саутемптон.
Имено, еден од главните играчи на Евертон на почетокот на сезоната е Хамес Родригез, а тој ќе го пропушти следниот натпревар.
Сè потврди самиот Анчелоти.
“За жал, Хамес доби удар на натпреварот против Ливерпул. Тоа беше грд старт на Вирџил ван Дајк, на самиот почеток на играта”, рече Анчелоти, додавајќи:
„Тој ќе ја пропушти нашата игра против Саутемптон“, заклучи тренерот на Евертон, Карло Анчелоти.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



