Анчелоти повторно беше прашан за Мбапе, а неговата реакција покажа колку е уморен од тоа

Килијан Мбапе реши да го продолжи договорот со ПСЖ ова лето, но само неколку месеци подоцна повторно почнаа шпекулациите за негово заминување.
Мбапе на почетокот на годината одби да потпише нов договор со парижаните, а многумина беа сигурни дека тој ќе замине во Реал Мадрид со кого наводно имал се договорено, но во последен момент се предомислил.
Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ на уште три години, а Флорентино Перез едноставно не можеше да поверува дека на крајот така им заби нож во грб на кралевите.
Сепак, иако неодамна потпиша нов договор, повторно почнаа шпекулациите дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ и дефинитивно ќе потпише за Реал Мадрид.
Медиумите во Шпанија пишуваат дека Мбапе има клаузула во договорот со францускиот клуб, според која може бесплатно да го напушти ПСЖ во летото 2024 година и кариерата да ја продолжи во друг клуб.
Секако, не требаше долго да почнат повторно шпекулациите дека Мбапе еден ден дефинитивно ќе дојде во Реал Мадрид, а тоа беше тема на денешната прес-конференција на Карло Анчелоти.
Анчелоти разговараше со медиумите во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на шампионите против Лајпциг, но беше изненаден кога еден од новинарите праша дали е оживеана приказната околу доаѓањето на Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.
Италијанскиот стручњак најпрвин се насмеа на тоа прашање, а потоа со својата реакција јасно покажа колку е уморен од сите оние шпекулации за Мбапе кои траат речиси една година.
„Ух, морам да ги спуштам рацете пред тоа прашање. Размислуваме само за младите играчи кои ги имаме, а тоа се Винисиус и Родриго. А Карим ќе игра уште долго на ова ниво. Затоа не размислувам за ниту еден други играчи“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
📡 SEÑAL TV | 🐢 ¿Vuelve el 'culebrón' Mbappé? Ante las últimas informaciones de L'Equipe… 🤣 Ancelotti: "Bajo los brazos ante esta pregunta"
👀 Ven a verlo en directo: https://t.co/47HJG4o7sm pic.twitter.com/fCxRVJoBjH
— MARCA (@marca) September 13, 2022
Со останувањето во ПСЖ, Мбапе стана еден од најплатените играчи во светот, а клубот реши да му даде се што сака само да остане и да биде главна ѕвезда на тимот во походот за освојување на Лигата на шампионите.



