SportM
Фудбал

Анчелоти се соочува со суспензија од четири натпревари?

Д М31 окт 2022
Анчелоти се соочува со суспензија од четири натпревари?

Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) покрена истрага против тренерот на Реал, Карло Анчелоти поради коментар за судењето на натпреварот од 12. коло од шпанската Ла Лига со Жирона, пренесува шпански „АС“.

Реал одигра 1:1 со Жирона, а бод во 80. минута од пенал постигнаа гостите. Анчелоти по натпреварот изјави дека Реал е оштетен на овој натпревар и истакна дека судиите измислиле пенал против неговиот тим на овој натпревар.

Шпанските медиуми пренесуваат дека поради оваа изјава Анчелоти се соочува со суспензија од два до четири натпревари. Тренерот на Реал Мадрид во среда ќе даде изјава во врска со овој случај, а конечната одлука според „АС“ се очекува пред мундијалската пауза. Реал моментално е прв во Ла Лига со 32 бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.