SportM
Фудбал

Анчелоти со сите сили оди кон трофејот: „Кога ќе ги видам лицата на играчите, веднаш ми е полесно“

Д М27 мај 2022
Анчелоти со сите сили оди кон трофејот: „Кога ќе ги видам лицата на играчите, веднаш ми е полесно“

Реал Мадрид утре во Париз ќе има шанса да го освои 14. трофеј на најдобриот тим во Европа.

Кралевите играат против Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, а пред овој натпревар зборуваше тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Во редовите на Реал владее голем оптимизам. Никој не ги очекуваше во финалето оваа сезона, но по бројните чуда избраниците на Карло Анчелоти ќе бараат уште едно изненадување против Ливерпул.

“99 отсто од играчите знаат кој игра утре. Сите се подготвени и сакаат да играат. Не им е важно колку минути, тие само сакаат да играат”, изјави Анчелоти и ја продолжува приказната:

„За мене ваквите натпревари се сосема нормални. Знаеме што претставува овој клуб и што бара историјата од нас. Многу е важно што сме тука и подготвени сме да испишеме историја по многу добра сезона“.

Анчелоти беше мотивиран повторно да ја земе титулата во Лигата на шампионите со Реал. Тоа го направи во 2014 година.

“Мотивацијата е апсолутно иста како во 2014 година во Лисабон. Играчите се мирни и полни со самодоверба. И јас сум многу мирен, но утре попладне ќе почнат грижите. Сепак, и покрај грижите, оптимист сум кога ќе ги видам лицата на фудбалери“.

На крајот Анчелоти заклучи:

“Го заслужуваме финалето. Имаме квалитет и талент, но понекогаш тоа не е доволно. Посветени сме и историјата не турка напред”, изјави Анчелоти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.