Анчелоти: Бевме очајни

Карло Анчелоти беше разочаран по поразот на Реал Мадрид од Еспањол во осмото коло од Примера.
Реал загуби со 2:1 во натпревар во кој тимот од Барселона беше далеку подобар ривал. Домашниот тим поведе преку Раул Де Томас и Алекс Видал, додека почесниот гол за Реал го постигна Бензема на асистенција на Лука Јовиќ.
„Бевме очајни. Апсолутно заслуживме да го загубиме овој натпревар. Реакцијата стигна предоцна. Нема многу што да се каже. Збунувачки е најдобриот збор за да се опише нашето ослободување против Еспањол“, рече Анчелоти.
Реал го доживеа вториот тежок пораз за само неколку дена. Во средата, тие сензационално загубија од Шериф со 2:1 во Лигата на шампионите.
„Репрезентативната паузата доаѓа во вистинско време. Мораме да видиме каде погрешивме и целосно да го промениме пристапот“, рече италијанскиот стручњак.
И покрај грешките во Барселона, Реал е лидер на табелата во Примера со 17 бода, исто колку и второпласираните Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад.



