Поврзи се со нас

Фудбал

Андреа Пирло веќе отпиша двајца играчи и им порача да го напуштат клубот во јануари

Андреа Прило ова лето ја презеде клупата на Јувентус, но не сакаше премногу да го менува играчкиот кадар.

Јувентус донесе неколку засилувања, но повеќето од играчите останаа во клубот. Пирло сакаше да види на кого може да смета и се чинеше дека му беа доволни неколку месеци за да сфати.

Италијанските медиуми пишуваат дека Пирло веќе отпишал двајца фудбалери и им рекол дека можат да бараат нов клуб во јануари бидејќи сигурно нема да ги добијат приближните минути што ги очекуваат.

Имено, Пирло ги отпиша Федерико Бернардески и Сами Кедира, кои скоро никогаш не играа оваа сезона. Со заминувањето на овие играчи, тој сака дополнително да го олесни буџетот за плати бидејќи Бернардески заработува дури 4,5 милиони евра годишно.

Кедира веќе е во преговори за раскин на договорот и тој ќе ја напушти Старата дама како слободен агент. Од друга страна, Јувентус очекува да заработи околу 15 милиони евра од продажбата на Бернардески.

loading...

Facebook