Ангеловски: Беше задоволство да се води Македонија на ЕУРО

Нашата фудбалска репрезентација денеска беше поразена во Амстердам со 3:0. „Рисовите“ го завршија настапот на првото историско Европско првенство за Македонија.
Овој натпревар македонската публика ќе го памети како последен за Горан Пандев, но и како последен за селекторот Игор Ангеловски.
„Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се претатавиме на Европа. Не ттреба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“. Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, на фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да делам кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметам и среќен сум што бев дел од сето ова. Мојот договор завршува, ова е моја последна прес-конференција и моја последна активност со федерацијата, со оглед на тоа што договорот ми истекува на 31 јуни“, рече Ангеловски.



