SportM
Фудбал

Ангеловски: Македонија има одлични фудбалери, кои веќе многупати докажаа дека може да се носат со сите

Д М17 јун 2021
Ангеловски: Македонија има одлични фудбалери, кои веќе многупати докажаа дека може да се носат со сите

Репрезентативците на Македонија денеска во 15:00 часот, во Букурешт ќе се сретнат со Украина.

Ова ќе биде клучен натпревар и за Македонија и за Украина.

Избраниците на Игор Ангеловски ќе одат на се или ништо, доколку победиме остануваме во игра за втората фаза, но доколку Украин победи, Македонија ги губи шансите за влез во втората фаза, а Украина ке обезбеди пласман понатаму.

Селекторот Игор Ангеловски, посочи дека Украина има добри индивидуалци, но и дека Македонија има одлични фудбалерки кои покажаа дека може да се носат со сите.

„Украина е исклучително квалитетна, а тоа се виде и со Холандија, кога од 0-2 успеаа да стигнат до 2-2, иако на крајот го загубија тој меч. Јермоленко, Зинченко, Малиновски и останатите се одлични фудбалери, добри индивидуалци кои играат во елитни клубови, ама и Македонија има одлични фудбалери, кои веќе многупати докажаа дека може да се носат со сите“, изјави селекторот Ангеловски на вчерашната прес-конференција.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.