SportM
Фудбал

Ангеловски: Ова е добар подготвителен тренинг-меч

Д М3 јун 2021
Ангеловски: Ова е добар подготвителен тренинг-меч

По ремито со Словенија (1-1), Македонија утре ја има последната подготовка пред дебито на Европското првенство.

Игор Ангеловски посочи дека натпреварот против Казахстан утре на Националната Арена „Тодор Проески“ (18 часот) ќе биде добар подготовителен тренинг натпревар.

„Ова е добар подготвителен тренинг-меч, но не е од оној тип на мечеви како со Лихтенштајн или Гибралтар, зашто тие во мундијалските квалификации играа 1-1 со Украина.

Станува збор за селекција која има доста млади фудбалери, претежно се од нивната лига, но сите ја знаеме Астана, која игра Европа и е добра екипа. Ние можеби ќе излеземе во поразличен тим, но нема да биде испретумбан. Тие што ќе треба да добијат поштеда ќе добијат, тие што треба да играат ќе играат“, изјави Ангеловски.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.