SportM
Фудбал

Англичаните сигурни дека ќе го освојат ЕУРО кога видоа каде е сместена италијанската репрезентација (ВИДЕО)

Д М10 јул 2021
Англичаните сигурни дека ќе го освојат ЕУРО кога видоа каде е сместена италијанската репрезентација (ВИДЕО)

Италија и Англија утре го играат големото финале на Европското првенство на Вембли.

Претходниот месец можевме да уживаме во фантастичните натпревари на Европското првенство, а до крајот на турнирот останува да се игра последниот натпревар.

Финалето се игра утре од 21 часот на лондонски Вембли, каде Италија и Англија ќе се борат за титулата европски шампион.

Италијанците секако би биле фаворити за титулата доколку натпреварот се играше на некој неутрален терен, но имајќи предвид дека Англичаните се на домашен терен, јасно е дека имаат мала предност во утрешното финале.

Италијанските репрезентативци денеска пристигнаа во Лондон, каде вечерва ќе го одработат последниот тренинг пред утрешниот натпревар.

 

Во Англија владее неверојатна еуфорија бидејќи нивната репрезентација конечно е во финалето и јавноста во оваа земја верува дека Англичаните конечно можат да ја освојат титулата европски шампион.

На социјалните мрежи, навивачите на Англија почнаа да пишуваат дека сигурно ќе го освојат ЕП кога виделе каде се наоѓаат италијанските играчи.

Имено, Италијанците ќе останат и ќе тренираат во тренинг центарот Тотенхем до мечот, а тоа започна лавина коментари на социјалните мрежи.

Секако, Тотенхем е познат како клуб кој никогаш не освојува трофеи, а навивачите во Англија се надеваат дека ова „проклетство“ ќе се рефлектира во изборот на Италија, и дека ќе се вратат дома со наведнати глави.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.