Англискиот актер му порача на Мбапе да дојде во Тотенхем, а неговата реакција не може да биде поискрена (ВИДЕО)

Килијан Мбапе очигледно на лето ќе го напушти ПСЖ без обештетување.
Мбапе има договор со францускиот клуб до крајот на оваа сезона, а веќе во неколку наврати одбиваше можност да ја продолжи соработката, а јасно е дека сака да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Многумина веруваат дека тоа ќе биде Реал Мадрид, кој исто така се обиде да го доведе Мбапе ова лето, но тогаш ПСЖ ги изненади сите со одлуката да ја одбие понудата на кралскиот клуб во висина од 180 милиони евра.
Извесно е дека Мбапе ќе биде огромно засилување за Реал Мадрид, а факт е дека би можел да избере каде ќе ја продолжи кариерата, со оглед на тоа што за него интерес покажаа речиси сите европски великани.
Интересна работа за Мбапе откри и англискиот актер Том Холанд, кој неодамна беше на доделувањето на Златната топка во Париз, а имаше можност да се запознае со напаѓачот на ПСЖ.
Холанд, кој е познат по улогата на Спајдермен, за англиските медиуми откри дека имал интересен разговор со Мбапе, и дека му „препорачил“ во кој клуб да дојде.
„Го запознав Мбапе и му кажав дека ми е мило поради тоа. Тој беше многу љубезен и го искористив тоа за да се пошегувам. Му реков дека „мора“ да дојде во Тотенхем и тој ме погледна“, рече Холанд, додавајќи .
„Почна да се смее и само ми рече: „Тоа е невозможно, едноставно невозможно.“ Двајцата се смеевме, но вредеше да се проба.
Spider-Man: No Way Mbappe Joins Spurs 😅😂 pic.twitter.com/lfxWxPFVQj
— ODDSbible (@ODDSbible) December 13, 2021



