Анхел Ди Марија избра меѓу Јувентус и Барселона!

Анхел Ди Марија одлучи каде ќе игра следната сезона.
Ди Марија е секако уште еден од најдобрите крилни играчи во светот и секој тим што ќе го ангажира нема да погреши со неговото доведување.
На искусниот Аргентинец му истече договорот со ПСЖ, а за него најголем интерес покажаа Јувентус и Барселона, кои ова е шанса која не се пропушта.
Gazzetta dello Sport и Stampa пренесуваат дека популарниот Il Fideo го избрал проектот на Јувентус по постигнат договор.
Ди Марија пред неколку дена изјави дека Јувентус е најголемиот клуб во Италија и дека Старата дама сериозно го посакува во своите редови, па оваа одлука не е изненадување.
Бјанконерите решија да му угодат и на Ди Марија со договор за едногодишна соработка со годишна плата од 7 милиони евра.
Целта на овој 34-годишник е да одигра уште една сезона во Европа за да биде во топ форма пред Светското првенство во Катар.
Планот му е од следната сезона да игра во Аргентина за Росарио Централ, каде реши да ја заврши кариерата.
Тој пристигна во Европа пред 15 години. Неговиот прв европски клуб беше Бенфика, по што играше за Реал, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.



