„Антонио Конте е главната фигура и најважниот дел од сложувалката во Интер“

Диего Годин летово пристигна во Интер, како слободен играч по долгогодишната „услуга“ во Атлетико Мадрид.
Во Интер, искусниот дефанзивец „затекна“ и новиот тренер, Антонио Конте, а двајцата, како и целиот тим, одлично се снаоѓаат во новата сезона во Серија А.
Сега Годин зборуваше за Конте.
„Конте и Симеоне се два тренери со карактеристични личности… Интер се изгради околу Конте. Тој е главна личност и главен дел од сложувалката“, рече Годин за Марка.
„Како и да е, овде многу повеќе ги гледаме снимките на противниците. Тактичката работа на теренот е исто така различна … Конте од мене бара да играм понапред, бара да започнам со акции“, рече Годин.
Искусниот Уругваец откри и кој фудбалер на Интер најмногу го изненадил.
„Тоа е Стефано Сенси. Искрено, не знаев кој е тој. Тој ме изненади многу. Има огромни квалитети и многу добро знае како да го користи своето тело, иако е навистина мал“, истакна поранешниот стопер на Атлетико Мадрид.



