SportM
Фудбал

Антонио Конте пристигнува во Интер, но Лучијано Спалети ги трие рацете за сè

Д М27 мај 2019
Антонио Конте пристигнува во Интер, но Лучијано Спалети ги трие рацете за сè

Синоќа Интер победи Емполи со 2:1 и се пласираа во Лигата на шампионите.

Интер пред своите навивачи освои три поени, и освои пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Сепак, Емполи се обиде да освои поени и да остане во Серија А, но не успеаја.

Лучијано Спалети ги исполни очекувањата на клубот и го зазеде местото во Лигата на шампионите, но јасно е дека нема да остане во тимот за следната сезона.

Италијанските медиуми веќе неколку дена пренесуваат дека Антонио Конте има средено се што е со Интер, и дека до крајот на неделава ќе биде претставен како нов тренер. Конте ќе потпише соработка со овој клуб за три сезони.

Што се однесува до Спалети, тој не сака да оди своеволно а Интер ќе мора да му даде отказ, што значи дека ќе го чини многу. Поради договорот, Спалети ќе добие 25 милиони евра.

Спалети сака пари од Интер, бидејќи верува дека не заслужил откажување, а потрагата по нов ангажман не треба да биде проблем бидејќи Спалети веќе има неколку понуди.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.