Антонио Конте жртва на голема измама: Италијанецот изгуби 30 милиони евра
Д М23 авг 2020

Тренерот на Интер, Антонио Конте, наводно е жртва на голема измама во која изгуби милиони евра.
Според италијанските медиуми, Конте инвестирал пари со седум други лица во компании во сопственост на одреден Масимо Бочичио, а парите потоа исчезнале.
Вкупно осум инвеститори оставија големи пари. Конте е еден од нив, а тој наводно вложил дури 30,6 милиони евра во овој проект, а до 30 јуни годинава очекувал да му бидат удвоени парите.
Сепак, нема пари. Бочичио очигледно сторил голема измама, парите исчезнале и побарувачката засега е залудна.
Конте и инвеститорите излегоа на суд. Судијата ги блокираше средствата на Бочичи во вредност од 61,4 милиони евра, но тешко е да се очекува дека Конте ќе може да го врати целиот влог.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



