SportM
Фудбал

Апсолутен херој: Беше заразен пред три недели, а вчера се врати во голем стил!

Д М25 мај 2020
Апсолутен херој: Беше заразен пред три недели, а вчера се врати во голем стил!

Појавата на „невидливиот противник“ во форма на коронавирус предизвика паника и страв кај многумина, без оглед на возраста. Ковид-19 не ги заобиколи ниту спортистите.

Фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала, повеќе од еден месец се бореше со коронавирусот, некои фудбалери како играчот од средниот ред на Челси, Н’голо Канте, се плашат да тренираат, додека има и такви кои се бестрашни и веќе го оставија вирусот зад себе.

Апсолутен херој од минатиот викенд е Марсел Сабитцер, одличниот 26-годишен крилен играч на РБ Лајпциг кој успеа за кратко време да го победи Ковид-19 и да се врати во одлична форма.

Австрискиот фудбалер пред три недели тестираше позитивно за коронавирус, по што беше принуден да остане во изолација. Додека неговите соиграчи тренираа, тој беше дома.

Откако следните тестови беа негативни, Сабитцер се врати на тренинзите, и се врати во стил. Тој беше одличен во дуелот против Мајнц.

Тренерот Нагелсман го стави во стартниот состав. Во победата од 0:5, Сабитцер го постигна третиот гол за својата екипа и забележа асистенција. Помина 60 минути на теренот.

Сабитцер е можеби одличен пример за оне кои мислат дека коронавирусот не е толку опасен како што се претставува, особено за спортистите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.