SportM
Фудбал

Арсенал договори сé со 17-годишното чудо од дете, навивачите на Јунајтед повторно го проколнуваат Мурињо

Д М30 мар 2019
Арсенал договори сé со 17-годишното чудо од дете, навивачите на Јунајтед повторно го проколнуваат Мурињо

Според вестите од Англија, Арсенал направи усмен договор за доведување на бразилскиот тинејџер Габриел Мартинели.

На тој начин Арсенал победи 25 клубови кои беа заинтересирани да го донесат младиот Бразилец.

Мартинели одигра 31 натпревар и постигна 10 гола за бразилскиот тим Итуано и на тој начин го привлече вниманието на гигант до себе, вклучувајќи ја и Барселона.

Тоа е играч кој ќе наполни 18 години на 18 јуни, но Топџиите може да го доведат и порано, бидејќи може да добие италијански пасош.

Претходно оваа недела, беше објавено дека Арсенал треба да понуди 5 милиони фунти за ова чудо од дете, но Итуано сака 8 милиони.

Англија веќе има слушнато за Мартинели откако беше на клупата на Манчестер Јунајтед во 2017 година, кога тренер на „Олд Трафорд“ беше Жозе Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.