Арсенал го плати 80 милиони евра во 2019 година: Николас Пепе го напушти Лондон, има нов клуб

Николас Пепе по три години се враќа во Франција, бидејќи се е договорено со Ница.
Пепе беше доведен во Арсенал од Лил за 80 милиони евра во летото 2019 година, но овој крилен напаѓач не се прослави премногу на Емирати.
Пепе оваа сезона не настапи ниту во првите три кола од Премиер лигата, а сега го дозна и името на својот нов клуб. Остатокот од сезоната ќе го помине како позајмен играч во Ница.
Арсенал се согласи да го позајми играчот на Ница, но нема опција француската страна да го откупи договорот на играчот на крајот од сезоната.
Пепе претходно одигра 107 натпревари во Франција и постигна 38 гола со 17 асистенции, додека во Англија одигра 80 натпревари во дресот на Арсенал и постигна 16 гола со девет асистенции.
Моментално е репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, за која на 34 натпревари има постигнато девет гола.
Ница веќе донесе неколку звучни засилувања како голманот Каспер Шмајхел и Арон Ремзи, поранешен играч на Арсенал и Јувентус, а дури се споменуваше дека Ница ќе се обиде да го доведе репрезентативецот на Миралем Пјаниќ.



