SportM
Фудбал

Арсенал го совлада Тотенхем во дербито во Северен Лондон

Д М26 сеп 2021
Арсенал го совлада Тотенхем во дербито во Северен Лондон

Арсенал денеска славеше на својот Емирати со резултат 3:1 против најголемиот ривал, Тотенхем, со резултат 3:1.

По очајниот почеток на сезоната и три порази во првите три кола од Премиер лигата, малкумина веруваа дека Арсенал може да се врати на победничките патеки. Но, тимот на Микел Артета успеа.

Веќе по 34. минута, гостите имаа негатива од три гола разлика.

Првиот гол го постигна Смит Роу по само 12 минути игра, по асистенцијата на Саке. Стрелецот на првиот гол дојде до асистенција малку подоцна, кога ја спушти топката за Аубамејанг, кој ладнокрвно ја погоди мрежата на голот на Лорис.

Домашниот тим одличното прво полувреме го круниса со уште еден гол, кога упорниот Сака се запиша во листата на стрелци.

Во продолжение домашниот тим се повлече малку, па гостите ја преземаа иницијативата на терен. Кејн се закани во два наврати, но среќата беше сојузник на домашниот тим.

Се што успеа тимот на Еспирито Санто до крајот беше голот на Сон, кој го постигна по центаршутот на Регулион, но тоа беше се.

Со оваа победа, Арсенал го претекна Тотенхем на табелата и сега е 10. со девет бода, додека „петлите“ имаат ист број на бодови, но една позицијата подолу.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.