Арсенал освои само бод против Барнли

Фудбалерите на Арсенал ремизираа денес на гостувањето кај Барнли (1:1) во натпреварот од 27. коло на Премиер лигата.
Арсенал одлично го отвори натпреварот и поведе во шестата минута кога Обамејанг со одличен дриблинг исфрли двајца домашни играчи и погоди за 1:0.
Гостите повторно се заканија во 23-та минута кога Сака се обиде, но топката мина покрај левата страна. Четири минути подоцна Парти шутира силно над голот на Барнли.
Во финишот на првото полувреме, домашниот тим неочекувано израмни на 1:1. Џака играше во својот шеснаесетник кога се обиде да ја додаде топката до Белерина, но го погоди Вуд, а топката заврши во мрежата за 1:1.
Арсенал можеше да поведе во 53-та минута кога Сака имаше уште една шанса, но и овој пат немаше промена на резултатот.
Домашниот тим можеше да сврти во 69-та минута, но Видра се посрамоти. На крајот од мечот, Арсенал со сите сили се придвижи напред и неверојатно е што промашија гостите.
Се играше четвртата минута од продолженијата кога една блокирана топка ја шутираше Себалос, но стативата го спаси домашниот тим и остана 1:1.



