SportM
Фудбал

Арсенал подготви нов договор за младиот играч за врска со двојно поголема плата

Д М20 јан 2021
Арсенал подготви нов договор за младиот играч за врска со двојно поголема плата

Фудбалерите на Арсенал во понеделникот го совладаа Њукасл со 3:0 на домашен терен во рамките на 19. коло од англискиот премиерлигаш.

Младиот Емил Смит Роу уште од првата минута доби уште една шанса и одигра уште еден многу добар натпревар. Смит Роу успеа да запише асистенција и се покажа како вистинско откритие на Микел Артета.

Арсенал е воодушевен од игрите на овој 20-годишен играч за врска и е подготвен да го награди со нов договор.

Смит Роу има договор до летото 2023 година, но лондонскиот клуб сака да ја продолжи соработката за уште две години со двојно зголемување на неговата плата.

Фудбалерот на Арсенал во моментов заработува околу 20 000 фунти неделно, а според новиот договор, таа бројка ќе биде 40 000 фунти. Преговорите се веќе започнати и се очекува наскоро да биде потврден новиот договор.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.