Арсенал профитираше од пеналот за Јувентус!

Одземањето бодови на Јувентус во Серија А и отсуството на овој клуб од следното издание на Лигата на шампионите, е добра вест за Арсенал во пресрет на ждрепката за групната фаза.
Англискиот тим и новиот вицешампион на Премиер лигата поради ваквиот расплет во Италија наместо трет ќе се најдат со вториот шешир.
Да потсетиме, на Јувентус прексиноќа му беа одземени десет бода во Серија А, поради проверка великанот од Торино од второто место на табелата падна на седмото, па на две кола пред крајот на сезоната пет бода го дели од четвртопласираниот Милан, кој сега ја држи последната позиција која води до шампионот на Лигата.
На Јувентус му треба вистинско чудо за следната сезона да игра во елитното европско натпреварување.
Доколку Јувентус не успее, а тоа е повеќе од сигурно, Арсенал ќе профитира врз основа на листата на коефициенти на УЕФА и ждрепката за групната фаза ќе се сретне во вториот шешир.



