SportM
Фудбал

Арсенал сака 23 милиони евра за Мхитарјан

Д М11 фев 2020
Арсенал сака 23 милиони евра за Мхитарјан

Топџиите се подготвени да го продадат офанзивниот играч од средниот ред, кој е позајмен на Рома оваа сезона.

Арсенал е подготвен да го продаде Хенрих Мхитарјан.

Офанзивниот играч од средниот ред е на позајмица во Рома оваа сезона.

Ерменскиот фудбалер е решен да остане во „Стадио Олимпико“ на долго време.

Но, Топџиите бараат 23 милиони евра за неговиот договор, пренесува британскиот таблоид „The ​​Sun“.

Во моментов, се чини дека Рома не сака да потроши толку многу пари на поранешниот играч на Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед.

Мхитарјан оваа сезона има постигнато четири гола на 10 натпревари во Серија А.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.