SportM
Фудбал

Арсенал влезе во победничка серија

Д М29 сеп 2018
Арсенал влезе во победничка серија

Арсенал забележа седма последователна победа на сите турнири откако победи со 2:0 против Ватфорд.

Исто како пред една недела против Евертон, тимот на Унаи Емери си ги обезбеди трите бода со два брзи гола во второто полувреме. Овој пат навивачите на тимот мораа да чекаат до последните 10 минути. Арсенал го отвори резултатот по автогол на Каткарт во 81-та минута, а секунди подоцна Озил го постигна вториот гол за тимот од Лондон.

Тотенхем ја запиша втората последователна победа во Премиер лигата, а Хари Кејн се запиша два пати за победата со 2:0 на гости кај последниот на табелата Хадерсфилд. Благодарение на успехот, избраниците на Маурисио Почетино продолжуваат да го делат четвртото место на табелата со Арсенал со по 15 поени, но „петлите“ се со подобра гол разлика.

Резултати од Премиер лигата, 7. коло:

Вест Хем – Манчестер Јунајтед 3:1

Арсенал – Ватфорд 2:0

Евертон – Фулам 3:0

Хадерсфилд – Тотенхем 0:2

Манчестер Сити – Брајтон 2:0

Њукасл – Лестер Сити 0:2

Вулверхемптон – Саутемптон 2:0

Последниот натпревар за денешната програма е помеѓу Челзи и Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.