Connect with us

Фудбал

Артета ја продолжи соработката со Арсенал

Микаел Артета останува на клупата на Арсенал.

Имено, Артета денеска потпиша нов договор со овој клуб до летото 2025 година.

„Возбуден сум, среќен и благодарен. Сакаме да го подигнеме клубот на повисоко ниво и да играме со најдобрите тимови. Мора да играме во Лигата на шампионите“, изјави Артета по официјалната соработка.

 

Неговиот претходен договор беше со важност до летото 2023 година.

Арсенал моментално е на четвртото место во Премиер лигата на четири кола до крајот.

 

Има два бода предност пред Тотенхем и доколку сака следната сезона да игра во Лигата на шампионите мора да ја задржи таа предност.

 

Артета како играч го носеше дресот на Арсенал, а првото тренерско искуство му беше како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

 

Во декември 2019 година беше назначен за главен тренер на Арсенал.

 

Оваа сезона тој го предводеше тимот на вкупно 40 натпревари.

 

 

 

 

Реклама

Facebook