Артета по дебаклот: Извинување до навивачите …

Арсенал синоќа беше поразен од Кристал Палас со 3-0.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, секако беше разочаран.
Тој им се извини и на навивачите.
„Одигравме лошо, особено во првото полувреме. Им се извинувам на навивачите“, изјави Артета.
„Мора да ги прифатиме критиките и да се фокусираме на следниот натпревар. Ова не беше добро“, додаде тој.
Тотенхем врши притисок врз Арсенал кога е во прашање борбата за четвртата позиција.
„Вака е седум или осум недели. Не игравме добро, нема никаква врска со тоа. Имаме уште шанси, може многу да се случи на девет натпревари. Мора да се фокусираме на нашите игри“, додаде Артета.
Арсенал е петти и има 54 бода како и петтопласираниот Тотенхем, но Арсенал има натпревар помалку.
Во сабота против Брајтон ќе има шанса да се поправи.



