SportM
Фудбал

Артета: Славевме против најдобриот тим во светот

Д М9 окт 2023
Артета: Славевме против најдобриот тим во светот

Микел Артета не го криеше задоволството по минималната, но голема победа на Арсенал над Манчестер Сити во Премиер лигата.

„Одлично е чувството, се чувствувавме како да не сме ги победиле со години и сега славевме, според мене, несомнено најдобриот тим во светот. И го направивме тоа на одличен начин. Имаше моменти кога се мачевме, но и оние кога покажавме одлучност, желба и верба во победата“, рече Артета, а потоа додаде:

„Не знам дали постоеше ментална бариера, но очигледно моравме да ја надминеме. За да ги победиме, моравме прво да загубиме, и тоа на два различни начини. На „Етихад“ бевме подобри во првото полувреме и потоа примивме гол по грешките на Томијасу… Сега покажавме зрелост, а тоа доаѓа со искуство“.

Арсенал сега го прескокна Сити на табелата. „Топчиите“ се на второто место со 20 бодови, што е исто со лидерот Тотенхем, додека Сити е трет со 18.

„Пред се, оваа победа испраќа порака до мојот тим, да продолжи да верува во она што го правиме. Ова е фантастична група играчи – трудот што го вложија, меѓусебното разбирање, хемијата… Бев горд и во средата кога загубивме и сега сум горд што сум дел од овој тим“.

На прашањето каква беше атмосферата во соблекувалната по победата, Шпанецот рече:

„Сите играа и беа многу среќни, ги чека репрезентативни натпревари и пауза, тогаш расположението е подобро – тоа значи дека пред натпреварот со Челзи ќе бидеме во вистинскиот дух и тој дуел ќе го дочекаме со вистинска емоција. Навистина сум среќен“ .

Следниот меч на Арсенал ќе го има против Челзи на 21 октомври, додека „граѓаните“ истиот ден ќе го пречекаат Брајтон.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.