SportM
Фудбал

Артета во проблеми: Салиба го пропушта дербито со Манчестер Сити

Д М24 апр 2023
Артета во проблеми: Салиба го пропушта дербито со Манчестер Сити

Фото: LONDON, ENGLAND – MARCH 16: William Saliba of Arsenal leaves the pitch after picking up an injury during the UEFA Europa League round of 16 leg two match between Arsenal FC and Sporting CP at Emirates Stadium on March 16, 2023 in London, England. (Photo by Shaun Botterill/Getty Images)

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба сигурно нема да му биде на располагање на менаџерот Микел Артета за средбата против Манчестер Сити, која ќе биде од големо значење во трката за титулата во Премиер лигата.

Францускиот репрезентативец заработи повреда на грбот за време на натпреварот од Лига Европа против Спортинг во средината на март и поради тоа ги пропушти претходните пет натпревари. Лекарскиот тим на „топчиите“ секојдневно се грижи за состојбата на дефанзивецот, но повредата е посериозна отколку што првично изгледаше и постои ризик тој да не се врати на терените пред крајот на сезоната.

Во претходниот период на местото на Салиба дојде Роб Холдинг, кој играше со Габриел во средината на одбраната. Артета имаше големи проблеми со повреди во одбраната, бидејќи и Олександр Зинченко и Такехиро Томијасу беа надвор од терените со повреди во последните недели, додека играчот од средниот ред Гранит Џака не играше против Саутемптон во петокот поради болест.

Арсенал има доста проблеми во отсуство на 22-годишниот – тимот од Емирати е без победа во последните три натпревари во првенството, откако ги подели бодовите со Ливерпул, Вест Хем и Саутемптон. Ваквиот расплет им овозможи на избраниците на Пеп Гвардиола да го намалат заостатокот зад лидерот на табелата и да го дочекаат меѓусебниот дуел со 70 бода – пет помалку од лидерот, но и два натпревари заостанување.

Манчестер Сити ќе ја брани титулата доколку триумфира на сите преостанати натпревари, без разлика на резултатите на клубот од Емирати.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.