SportM
Фудбал

Артуро Видал емотивно се прости од Барселона

Д М21 сеп 2020
Артуро Видал емотивно се прости од Барселона

По две години, чилеанскиот играч за врска Артуро Видал ја напушти Барселона.

Видал не беше во плановите на новиот тренер Роналд Куман и кариерата ќе ја продолжи во Интер, но остави емотивна порака збогувајќи се со клубот каде имаше исклучително убави моменти.

 
“Денес се збогувам од Барселона, клубот во кој поминав две прекрасни сезони. Заминувам горд што го носев овој дрес, но и затоа што имав чест да играм со одлични играчи и големи луѓе. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, соиграчи, тренери, лекарите, сите вработени во клубот и навивачите кои ми привлекоа многу внимание. Денес започнува нова фаза во мојот живот, но јас секогаш ќе го носам овој клуб во моето срце. Се гледаме наскоро, засекогаш – да живее Барса!”, рече Видал.

Да потсетиме, Видал дојде во Барселона летото 2018 година од Баерн за 18 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.