Аталанта сигурна на гостувањето кај Сампдорија
Д М28 фев 2021

Во мечот од 24. коло на италијанската Серија А, Аталанта гостуваше кај Сампдорија и славеше со 2:1.
Тимот од Бергамо без поголеми проблеми стигна до нова победа и повторно е во Топ 4 со 46 бода, и ќе продолжи да се бори за пласман во Лигата на шампионите.
Голот на Аталанта во двете полувремиња беше доволен за важни три бода.
Најпрво, Малиновски постигна гол за 0:1 во 40-та минута, а Госенс ги постави конечните 2:0 во 70-та минута.
За пет дена Аталанта ќе има дуел со Кротоне на домашен терен, по што ќе следи реванш осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



