SportM
Фудбал

Атлетико излегува против Барселона со целата офанзивна моќ

Д М6 апр 2019
Атлетико излегува против Барселона со целата офанзивна моќ

Атлетико Мадрид ќе може да смета на своите главни напаѓачи Диего Кошта и Алваро Мората за дербито на шпанското фудбалско првенство против Барселона вечерва.

Двајцата ги поминаа успешно подоцнежните фитнес-тестови и ќе бидат на располагање на тренерот Диего Симеоне за дуелот на „Камп Ноу“ од 20:45 часот по македонско време.

„Добри вести! Диего Кошта и Алваро Мората добија дозвола од лекарите и ќе бидат на линија за Барса – Атлетико“, соопштија од мадридскиот клуб.

Бразилецот заработи повреда на бутот при успехот со 4:0 над Алавеш во Ла Лига минатата сабота, поради што не играше во вторникот при успехот со 2:0 над Жирона, против која пак Мората го повреди глуждот и беше под знак прашалник.

Барселона има предност од 8 бода пред Атлетико на врвот на на Ла Лига на осум натпревари пред крајот на сезоната.

На „јорганџиите“ им е потребна само победа на „Камп Ноу“, за да ги задржат реални шанси да ја нападнат титулата, но не победил на гостување кај каталонскиот гигант од 2006 година наваму.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.