SportM
Фудбал

Атлетико ќе бара бришење на црвениот картон за Мората

Д М26 сеп 2019
Атлетико ќе бара бришење на црвениот картон за Мората

Атлетико Мадрид официјално поднесе жалба за исклучувањето на нивниот фудбалер Алваро Мората, и сега им останува да чекаат дали жалбата ќе биде прифатена или одбиена.

Ако се прифати, и биде избришан едниот од двата жолти картони кои ги доби напаѓачот за кошкање со противнички играчи на мечот со Мајорка, тогаш Мората ќе може да настапи в сабота вечер на градското дерби против Реал Мадрид.

Доколу дисциплинската комисија ја одбие жалбата, и црвениот картон остане на сила, Мората нема да може да игра против неговиот поранешен клуб, па Томас Лемар најверојатно ќе добие шанса во почетниот состав на „јорганџиите”.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.