Атлетико Мадрид е новиот шампион на Шпанија

Атлетико Мадрид по тешка игра во последното коло е новиот шампион на Шпанија.
Јорганџиите на гостувањето кај Ваљадолид успеа да слави 2:1 и со тоа да ја потврди титулата Шамион на Шпанија.
Ова беше тежок натпревар за Јорганџиите до победата стигнаа со пресврт. Во 18. минута Плано успеа да постигне гол и да му зададе главоболки на Атлетико и Симеоне.
Атлетико со голот на Кореа во 57. минута успеа да изедначи, а херој на натпреварот беше Суарез во 67. минута.
Оваа предност Атлетико ја задржа до крајот и стана нов шампион на Шпанија пред градскиот ривал Реал Мадрид.
Кралевите успеаја да го совладаат Виљареал на домашен терен. Беше 2:1, но сезоната ја завршија на второто место.
Пино погоди за предност на гостите од 0:1 во 20-та минута, а Карим Бензема израмни на 1:1 во 87-та минута. Победата за Реал во компензацијата на мечот ја носи Лука Модриќ за конечни 2:1.
Барселона ја заврши сезоната со победа на гостувањето кај Еибар од 0-1, а единствениот погодок го постигна Антоан Гризман.
Миралем Пјаниќ влезе во игра во 75-та минута наместо Серхи Бускетс.
Ваљадолид, Еибар и Уеска испаднаа од Ла Лига.



